Бомба од „Енфилд“: Ливерпул договори засилување за 144 милиони евра!
Според најновите информации, Баркола треба да пристигне на лекарски прегледи во недела, по што се очекува да стави потпис на петгодишен договор со Ливерпул, кој би го задржал на „Енфилд“ до јуни 2031 година.
Финансиската конструкција на трансферот е вредна 144 милиони евра, односно Ливерпул ќе му исплати на ПСЖ дури 124 милиони евра како фиксна сума, додека дополнителни 20 милиони евра се предвидени преку бонуси.
Баркола беше главна желба на „црвените“ во летниот преоден рок, а по долги преговори конечно успеа да го обезбеди неговиот потпис.
Фото: Facebook/Liverpool FC