Награда за добрите настапи: Младеновски потпиша нов договор со Вараждин

Хрватскиот тим Вараждин потпиша нов договор со македонскиот фудбалер Марио Младеновски до 2029 година.

Младеновски имаше добри настапи за Вараждин по доаѓањето во 2024 година, а оваа сезона ја почна со два гола на четири настапи во хрватскиот шампионат.

Вараждин поради тоа реши да го награди со нова соработка и да го задржи до крајот на сезоната 2028/29.

Дефанзивецот претходно играше за Шкупи, Ботев Плводив, Македонија Ѓорче Петров, Фремад Амагер и Вардар.

Фото: Facebook/NK Varaždin