Хаос во Лондон: Итаума го турна Хрговиќ од сцената, па доби шлаканица (ВИДЕО)

Последното соочување меѓу боксерите Филип Хрговиќ и Мосес Итаума пред борбата за светски шампион заврши со хаос во Лондон.

Хрговиќ позираше на сцената по што Итаума го турна, а тоа го налути Хрватот кој потоа му удри жестока шлаканица.

Тоа дополнително ја вжешти атмосферата, меѓутоа реагираа членовите на двете екипи за да спречат поголем скандал и тепачка.