Бецеки го урна рекордот во Арагон и му ја „украде“ пол-позицијата на Маркез!
Италијанецот на патеката „Моторленд“ стигна до третата пол-позиција оваа сезона, откако извозе рекорден круг од 1.44.962.
Најблиску до него беше Марк Маркез, кој задоцни само 0.089 секунди зад лидерот, додека од третата позиција ќе тргне неговиот брат Алекс Маркез.
Спринт-трката е закажана за 15 часот, додека главната трка се вози в недела од 14 часот.
Фото: Facebook/Aprilia