Македонецот прави чуда: Томовски со 12 одбрани блесна во поразот на Битигхајм!

Македонскиот репрезентативен голман, Мартин Томовски, продолжува со одличните настапи на стартот од новата сезона во германската Бундеслига, откако беше најдобар поединец кај Битигхајм во драматичниот натпревар пред домашната публикапротив Хановер (29-31).

Нашиот чувар на мрежата повторно беше најсветлата точка во својот состав и тоа со 12 одбрани, односно со успешност од 30-отсто од вкупниот број удари кон неговиот гол. Томовски моментално е на второто место на листата голмани со најмногу одбрани во Бундеслигата, имајќи вкупно 53 интервенции зад своето име.

Во овој параметар, пред македонскиот репрезентативец се наоѓа единствено Давид Шпет од екипата на Рајн Некар Левен.