Комплетен распоред за ЛШ: Познато кога се играат најголемите дербија (ФОТО)

Познат е комплетниот распоред за лигашката фаза во Лигата на шампионите за сезоната 2026/27. По ждрепката, сега се познати и точните термините на сите натпревари, па европските гиганти дознаа кога ги играат своите натпревари.

Уште во првото коло ќе гледаме атрактивен фудбал, и тоа дерби меѓу Реал Мадрид и Интер на 8 септември, додека еден ден подоцна следи пресметка меѓу Наполи и Арсенал.

Во второто коло најмногу внимание привлекува средбата меѓу Манчестер сити и актуелниот европски шампион ПСЖ на 14 октомври.

ПСЖ ќе се судри со Барселона на 20 октомври, а еден ден подоцна следи уште еден голем меч меѓу Баерн Минхен и Арсенал.

За четвртото коло повторно ќе следат интересни дуели, како пресметката меѓу Атлетико Мадрид и Баерн Минхен на 3 ноември.

Потоа на 8 декември следи судир меѓу Барселона и Манчестер сити, додека големите возбудувања продолжуваат на 20 јануари и средбите меѓу Манчестер јунајтед и Баерн Минхен, односно Интер и Ливерпул.

Комплетниот распоред на натпревари може да го погледнете ТУКА.

Фото: Facebook/UEFA Champions League