Арсенал купи грузиски суперталент за „само“ 4,5 милиони евра! (ФОТО)

Англискиот шампион Арсенал постигна договор за ангажман на еден од најталентираните млади фудбалери од Грузија, 17-годишниот Адриа Бартишвили.

Младиот офанзивен играч за врска треба да ги помине медицинските прегледи во Лондон во текот на следната недела, по што се очекува да стави потпис на петгодишен договор со тимот од „Емирати“

Трансферот, според информациите, ќе го чини Арсенал околу 4,5 милиони евра, а Бартишвили на „Емирати“ ќе пристигне во 2027 година, кога ќе наполни 18 години.

Во Грузија важи за еден од најперспективните фудбалери во својата генерација и често се споменува како еден од најголемите таленти што земјата по појавувањето на Квича Кварацхелија.

Фото: Facebook/Arsenal