По стапките на татко му, синот на Робињо се сели во Италија!

Џенова постигна договор со Сантос за ангажман на 18-годишниот Робињо Жуниор, синот на бразилската ѕвезда која во минатото играше за Реал Мадрид, Манчестер Сити и Милан.

Робињо Жуниор во Џенова пристигнува на позајмица со опција целосно да биде откупен по крајот од сезоната.

Тој веќе се наоѓа во Италија и се очекува овој трансфер наскоро да биде комплетиран.

Робињо Жуниор потекнува од школата на Сантос каде и дебитираше за првиот тим. Ова за него ќе биде прв трансфер.