Падна договор: Норис останува во Мекларен до 2030 година!

Светскиот шампион во Формула 1, Ландо Норис си договори нова соработка со Мекларен и потпиша договор до 2030 година.

Норис му останува верен на Мекларен со кој минатата сезона го покори „најбрзиот циркус“ во светот, а во нивниот договор има клаузула за продолжување на соработката на уште неколку години.

Младиот возач вози во Ф1 за Мекларен од 2019 година, а досега настапи на 163 трки, при што освои 18 пол-позиции, 48 пати беше на подиумот, а запиша 13 победи.

Фото: Facebook/McLaren