Наполи купи еден од најдобрите српски голмани за 21,5 милиони евра (ФОТО)

Српскиот голман Вања Милинковиќ-Савиќ денеска беше промовиран како ново засилување на актуелниот италијански шампион Наполи.

Екипата од Неапол соопшти дека бил постигнат договор со Торино за трансфер на Милинковиќ-Савиќ вреден 21,5 милиони евра.

Според првичните информации, Наполи планира да ја исплати цела сума за трансферот на четири рати.

Еден од најдобрите српски голмани претходно бранеше за Војводина, Торино, Стандард Лиж и други екипи.