Дебаклот од Литванија не бил случаен - македонскиот јуниори пргазени и од Грција

Машката јуниорска репрезентација на Македонија го доживеа вториот пораз на Европското првенство што се одржува во Белград.

Откако вчера загубија од Литванија со 75 разлика, нашите млади кошаркари денеска доживеаја пораз од Грција со 55-83 и останаа заковани на дното на табелата пред мечот од третото коло против Србија што се игра утре. Денеска одлучи очајната прва четвртина која Македонија ја загуби со 13-27 по што противникот рутински го одведе мечот кон крај и ја оствари првата победа на шампионатот.

Нашата репрезентација беше рамноправна, дури и малку подобра во третиот период кој беше и најдобар за Македонија на ова првенство. Во неа македонскиот јуниори ја направија и најдолгата серија, од 10-0, благодарение на двете тројки на Сребров и Најков и четирите поени на Данев. Сепак, во натамошниот дел од мечот Грција повторно ги зеде работите во свои раце и успеа да дојде до убедлив триумф.

Дамјан Данев со 17 поени беше убедливо најефикасен во македонската репрезентација и единствен со двоцифрен ефект. Утре Македонија игра со Србија во последното коло по што почнува нокаут фазата.