Бутел се засили со кадетски репрезентативец на Македонија

Македонскиот ракометен суперлигаш Бутел соопшти дека бил постигнат договор со кадетскиот репрезентативец Петар Николоски.

Николоски има само 16 години и му се предвидува одлична иднина, а денеска со Бутел потпиша договор на три сезони.

Бутел продолжи со засилувањата за следната сезона, во којаќе се натпреварува и во Европскиот куп на ЕХФ, односно во првото коло ќе се соочи против Дуделанж од Луксембург.