„Шведскиот Меси“ блесна во Јапонија: Барселона лесно го совлада Висел Кобе (ВИДЕО)

Барселона имаше успешен тест против Висел Кобе (3-1), а еден од головите беше дело на новото засилување Руни Бардџи, кој го нарекуваат „шведскиот Меси“.

Ерик Гарсија беше стрелец на првиот погодок за каталонскиот гигант во 33. минута, по што Висел Кобе израмни преку Мијаширо.

Вториот гол за Барселоне беше дело на Бардџи во 77. минута, додека на истекот од регуларниот дел погоди и Педро Фернандез.