Кинеско чудо од дете на 12 години обезбеди полуфинале на СП во Сингапур

Младата пливачка Зиди Ју на само 12 години дебитираше на Светското првенство (СП) во Сингапур и веднаш оствари неверојатен резултат.

Кинеското чудо од дете пливаше во квалификации на 200 метри мешано и се пласира во полуфинале со време од 2:11,90.

Границата за учество на сениорско СП во пливање е 14 години, меѓутоа ако имате исполнето норма, тогаш може да се натпреваруваат и помлади од таа возраст и токму тоа го искористи Ју.