
Уште една убедлива победа на Македонија против Швајцарија
Вториот меч заврши уште победливо, со 65-52, но дуелот беше завршен нешто порано во договор на селекторите на двете репрезентации. Швајјцарија доминираше во првото, но Македонија беше апсолутно подобра во второто полувреме кога го направи пресвртот и поведе со двоцифрена разлика. Селекторот Илиевски примени нешто поразлична концепција од вчера и не им даде минутажа на сите кошаркари од што може да се претпостави кој ќе отпадне од списокот за претквалификациите.
Џејкоб Вајли беше најефикасен во македонската репрезентација со 12 поени, единствен со двоцифрен ефект во нашиот тим.
За Македонија ова беше генерална проба пред стартот на претквалификациите за Светското првенство и мечот со Романија кој се игра в сабота. По денешниот меч, националниот тим се враќа во Скопје каде ќе тренира до среда кога се сели во Куманово и таму ќе ги пречека Романците.