
Голеада под рефлектори во Струмица, Беласица го победи Скопје!
Беласица претходно најави дека своите домашни натпревари ќе ги игра под рефлектори, а првиот гостин на ваков меч им беше Скопје.
На мечот беа постигнати дури пет голови, а на победата се радуваше Беласица која славеше со 3-2.
Скопје поведе со гол од пенал, но Беласица брзо го изедначи резултатот на 1-1. Така заврши првото полувреме.
Во вториот дел Беласица даде уште два гола и поведе со 3-1, во самиот финиш Скопје успеа да намали на 3-2, но не и да избегне пораз.
По две одиграни кола Беласица собра четири бода, Скопје има три.