
Алкараз без загубен сет ја мина и четвртата пречка на УС Опен!
Алкараз ја продолжи победничката серија без загубен сет, Шпанецот денеска имаше мака само на почетокот од дуелот со Риндерех. Во првиот сет Французинот пружи силен отпор, па тајбрејк одлучуваше кој ќе тргне со предност. Во Тајбрејкот Алкараз беше подобар со 7-3 и поведе со 1-0.
Во продолжението од мечот му беше полесно, вториот сет го доби со 6-3, а во третиот беше подобар со 6-4.
Во четвртфиналето Алкараз ќе игра против чешкиот тенисер Лехечка кој со 3-1 во сетови славеше над Манарино.