Барса освои само бод кај првиот противник на Шкендија во КЛ! (ВИДЕО)

Барселона загуби два бода во третото коло од Ла Лига откако одигра само 1-1 на гостувањето кај Рајо Ваљекано.

Рајо Ваљекано се покажа во одлично издание против големата Барселона, тие се и првиот противник на Шкендија во Конференциската лига.

Барса доби сомнителен пенал во финишот од првото полувреме. ВАР не работеше, па не можеше да се прегледа снимката. Судијата покажа на белата точка, а Јамал реализираше за водство од 1-0.

Течеше 67. минута кога Перез даде гол за израмнување на 1-1. Тоа беше и конечниот резултат на натпреварот.

По три одиграни кола во Ла Лига, само Реал Мадрид и Атлетик Билбао имаат по максимални девет бодови, Барса, Виљареал и Еспањол имаат по седум.