Шок во Милано, Интер загуби од Удинезе! (ВИДЕО)

Интер доживеа неочекуван пораз откако на свој терен со 2-1 загуби од тимот на Удинезе во второто коло од Серија А.

По сигурната победа над Торино во првото коло, се очекуваше Интер победнички да продолжи и во денешниот меч, но не беше така.

Мечот почна според предвидувањата, Интер поведе со гол на Думфрис во 17. минута од натпреварот.

Десетина минути подоцна Удинезе доби пенал кој го реализираше Дејвис за израмнување на 1-1.

На пет минути до крајот на првиот дел Ата погоди за комплетен пресврт и водство на Удинезе од 2-1.

Интер имаше повеќе од едно полувреме за да избегне пораз, нероазурите жестоко напаѓаа, но не го пронајдоа патот до мрежата на противникот.

Во овој термин се одигра и мечот меѓу Лацио и Верона кој го добија лацијалите со 4-0.