
Полска го среди и Исланд, Италија убедлива против БиХ!
Полска водеше во најголемиот дел од мечот, но во финишот се случи драма. Исланд успеа да се врати, го презеде водството, направи и три поени разлика, беше 73-70, но до крајот Исланѓаните дадоа само уште два поени, а Полјаците дури 14 и славеа убедлива победа од 84-75.
Најефикасен во составот на Полска беше Лојд со 26 поени, Понитка даде 18, а имаше и осум скокови и осум асистенции. Најдобар кај Исланд беше Хилнасон со 21 поен и 10 скокови.
Италија со 96-79 ја победи Босна и Херцеговина која пружаше отпор во првото полувреме, но тотално падна во вториот дел од натпреварот.
Страшен натпревар за италијанската репрезентација имаше Фонтечио кој постигна дури 39 поени, во составот на БиХ најдобар беше Нуркиќ со 21 поен и 10 скокови.