На свадбата на фудбалер на Интер на големо се „летал“ - албанскиот орел (ВИДЕО)

Голем скандал, барем според српските медиуми, ја одбележа свадбената прослава на францускиот репрезентативец и фудбалер на Интер, Бенџамен Павар, со неговата долгогодишна партнерка Клеопина Пниши, која има потекло од Косово.

Настанот се одржа во италијанското монденско летувалиште Амалфи, а најголема врева предизвика видео-снимка што се појави на социјалните мрежи, на која Павар и неговата сопруга, седнати на младенечкиот стол, заеднички го „летаат“ албанскиот двоглав орел – симбол на национализмот и иредентизмот во регионот. Гестот предизвика поделени реакции: албанската јавност со воодушевување го поздрави потегот, додека од српската страна стигнаа остри осуди и разочараност од однесувањето на славниот фудбалер.

Пниши е родена во Ѓаковица, каде живеела до својата петта година. Потоа се преселила со семејството во Франција, каде започнала кариера како актерка и модел. Во 2017 година беше прогласена за Мис Прованса, а потоа учествуваше и на изборот за Мис Франција.