ПСЖ и со два фудбалери помалку го елиминираше Баерн! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Пари Сен Жермен победа од 2-0 во европското дерби против Баерн Минхен и така се пласираа во полуфиналето на Светското клупско првенво.

Првото полувреме донесе по некоја прилика, но мрежите мируваа. Страшна сцена видовме во завршницата од првиот дел кога Џамал Муисала по еден дуел со Џанлуиџи Донарума заработи страшна повреда и веројатно скршеница на ногата поради која го чека долга пауза.

Второто полувреме донесе слична игра, а ПСЖ стигна до водство во 78. минута кога Дуеа по асистенција на Жоао Невеш погоди за 1-0, гол кој се покажа како доволен за триуфм.

Пет минути подоцна исклучлување заработи Пачо од редовите на гигантот од Париз, а во втората минута од продолжението и Лукас Ернандез, но и во таква ситуација ПСЖ преку Дембеле до крајот постигна уште еден гол за потврда на победата.

ПСЖ во второто полуфинале ќе го чека подобриот од средбата помеѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд, додека во првото силите ќе ги одмерат Флуминензе и Челси.

PHOTO:EPA