Тео Ернандез нема да ги почне подготовките со Милан - чека трансфер!

Италијанските медиуми денеска пишуваат дека Тео Ернандез нема да му се приклучи на остатокот од составот на Милан за почеток на подготовките за новата сезона, тој чека трансфер.

Тео Ернандез е на пат да го напушти Милан и да се пресели во Саудиска Арабија каде што треба да потпише за Ал-Хилал.

Францускиот фудбалер е во последната година од договорот со Милан, па клубот треба да инкасира околу 25 милиони евра од неговото заминување.

Ернандез се договори со Ал-Хилал да игра за годишна плата од дури 20 милиони евра, парите се причината која го одбра овој клуб.

Според „Газета дело Спорт“, Ернандез нема да се приклучи на играчите на Милан, туку ќе чека да се комплетира неговиот трансфер во Ал-Хилал.

Извесно е дека зделката ќе се случи, но работите допрва треба да се формализираат.