
„Билд“ објави детали од повредата на Мусиала - го чека пауза од пет месеци!?
Германски „Билд“ објави дека Мусиала ја скршил левата фибула и оштетил неколку лигаменти, а дополнителните прегледи треба да потврдат колку време ќе треба да паузира.
Според медиумот, Мусиала го чека пауза од четири до пет месеци, но за тоа се очекува дополнителна потврда по прегледите.