Спонзори ќе му помагаат на Галатасарај да го направи најголемиот трансфер во историјата на Турција!

Виктор Осимен го информирал Галатасарај дека има желба да остане во турскиот клуб, тие ќе направат напор да го реализираат трансферот.

Минатата сезона Осимен ја одигра на позајмица во Галатасарај и беше клучен фудбалер за шампионската титула.

Нигерискиот напаѓач има мега понуда од Саудиска Арабија, но за него има интерес и од неколку гиганти во Европа. „Кориере дело Спорт“ вели дека Осимен сака да остане во Галатасарај.

Откупната клаузула за Осимен во договорот со Наполи за клубови кои не се од Италија изнесува 75 милиони евра. Тоа е огромна сума за турски клуб.

Наводно Наполи не сака ниту да слушне за намалување на сумата, па Осимен може да замине само ако некој ги уплати тие пари.

Информациите од Турција велат дека компании се подготвени да платат дел од сумата преку спонзорства за Галатасарај за трансферот да се оствари.

Се верува дека работата е сериозна и само прашање на време е кога Галатасарај ќе достави формална понуда до Наполи за ангажман на Осимен.