Шкендија загуби од словенечкиот првак – последниот тест против Украинци!

Екипата на Шкендија го претрпе првиот пораз на подготовките во Словенија, откако во контролен натпревар беше минимално совладана од словенечкиот шампион Целје (0-1).

Тетовци одиграа израмнет натпревар, во кој победникот беше решен во финишот. Единствениот погодок падна во 80. минута, кога Суховршник ја затресе мрежата на македонскиот првак и му донесе триумф на Целје. За Шкендија ова беше уште една важна проверка во пресрет на европските настапи, а стручниот штаб доби можност да ја провери формата на тимот против квалитетен ривал.

Последниот тест пред почетокот на европската сезона тетовскиот состав ќе го има на 30 јуни, кога ќе се соочи со украинска Зорја Луганск во генералната проба пред официјалните натпревари.