Казна за срамниот настап на СП! Уругвајците дома ќе се враќаат со - обичните смртници

Катастрофалниот настап на Уругвај на СП 2026 доби уште едно непријатно продолжение, откако Фудбалската федерација одлучи да го откаже приватниот авион што требаше да ја врати репрезентацијата дома по елиминацијата во групната фаза.

Фудбалерите и членовите на стручниот штаб ќе се враќаат индивидуално со редовни комерцијални летови, што многумина го толкуваат како последица на огромното разочарување по еден од најлошите настапи на првиот светски шампион во историјата на Мундијалите. Уругвајците го завршија настапот без ниту една победа, со оглед што ремизираа против Саудиска Арабија и Зеленортските Острови, а потоа загубија од Шпанија (0-1). Со само два освоени бода завршија на последното место во групата и станаа единствената јужноамериканска селекција која не успеа да се пласира во нокаут-фазата.

Одлуката за откажување на чартер-летот доаѓа по турнир на кој репрезентацијата имаше проблеми и надвор од теренот. Делегацијата на Уругвај претходно се соочи со доцнења и откажувања на приватните летови поради административни проблеми со дозволите за лет, пред конечно да отпатува во САД. Наместо за враќање со почести по успешен настап, уругвајските репрезентативци сега ќе ја напуштат Америка без заедничко патување, што најдобро го отсликува разочарувањето по неуспешниот настап на Светското првенство.

ФОТО: www.ysscores.com