Балканот слави: Сучиќ со бомба ги „отвори“ Ганците – Хрватска (по)блиску до целта (ВИДЕО)

Половина час ѝ требаше на селекцијата на Хрватска да го направи првиот чекор кон сигурен пласман во нокаут-фазата на СП 2026, откако Петар Сучиќ со силен шут погоди од 20-тина метри за водство против Гана.

„Коцкестите“ ја имаа иницијативата од почетокот, имаа неколку прецизни удари од далечина, кои минуваа непосредно крај голот, дури и ја допираа и пречката. Тоа како да му здодеа на фудбалерот на Интер, кој со вистинска бомба го погоди небранетиот дел од мрежата на противникот.

Хрватска со овој резултат има најмалку второ место во групата.

ФОТО: X / @HQpcrt