Хрватите ја „окупираа“ Филаделфија пред клучниот меч со Гана (ФОТО)
Со знамиња, песни и димни бакли, хрватските фанови во голема поворка се упатија кон стадионот, претворајќи делови од американскиот град во вистинска хрватска навивачка зона. Колоната навивачи во препознатливите дресови создаде сцени за паметење. Се пееше, се скокаше и се славеше, а според извештаите од местото на настанот, низ улиците владеела вистинска „хрватска лудница“.

Хрватска вечерва ќе се соочи со Гана (23 часот) во натпревар од третото коло во групата Л на Светското првенство. Исходот од дуелот ќе биде пресуден за избраниците на селекторот Далиќ, бидејќи пред последните 90 минути од групната фаза тие сè уште имаат неколку можни сценарија – можат да завршат како првопласирани, второпласирани или третопласирани во групата, но постои и можност да бидат елиминирани.

Од друга страна, Гана веќе обезбеди место во нокаут-фазата, додека на Хрватска ѝ е потребен најмалку бод за сигурен пласман меѓу најдобрите 32 репрезентации на турнирот.


