
Eден од најбараните голгетери во Европа е пред договор со новиот клуб!
Како што пренесува „Атлетик“ преговорите помеѓу „топџиите“ и напаѓачот на Спортинг одлично напредуваат и веќе се споменува дека Швеѓанецот ќе потпише договор на пет години.
Во претходната сезона Ѓокереш на 52 натпревари постигна 54 гола, а со Спортинг успеа да ја освои и двојната круна во Португалија.
Со Арсенал се поврзува веќе подолго време и според последните информации засега работите одат во добра насока и речиси сите услови биле договорени.
Арсенал денеска го претстави и Мартин Зубиаменди за кого платија 60 милиони евра на Реал Сосиедад, па нема дилеми дека со спортскиот директор Андре Берта одработува одличен преоден рок.