„Каубојот“ Милер на уникатен начин откри каде ја продолжува кариерата (ВИДЕО)

Германскиот фудбалер Томас Милер по 25 години си замина од Баерн Минхен, а преку уникатно видео на социјалните мрежи откри каде ја продолжува кариерата.

Милер најави дека е време за „скок преку Атлантикот“, а тоа го „подгреа“ шпекулациите дека Германецот ќе ја продолжи кариерата во МЛС-лигата.

Медиумите во изминатиот период шпекулираа дека следен клуб на Милер ќе биде Лос Анџелес ФК, но засега нема повеќе детали за тоа дали двете страни водат преговори.