Хачанов и Фриц се први четвртфиналисти на Вимблдон

Денеска на програмата на Вимблдон се четири осминафинални битки, две се одиграа, Карен Хачанов и Тејлор Фриц ги добија своите противници и ќе имаат меѓусебна пресметка во четвртфиналето.

Хачанов лесно се справи во битката со полскиот тенисер Мајшрак, Русинот победи во три сета за помалку од два часа игра.

Првиот сет го доби со 6-4, а во следните два беше подобар со 6-2 и 6-3.

Хачанов во полуфиналето ќе игра против Тејлор Фриц кој беше 40 минути на теренот против Џордан Томпсон, противникот го продаде мечот.

Фриц водеше со 6-1 и имаше предност од 3-0 во вториот сет, тогаш Томпсон се откажа поради повреда.