Навивачите „удрија“ по Диаз: Жота беше со него кога му го киднапираа таткото, а тој вчера се забавуваше! (ВИДЕО)

Во текот на вчерашниот ден Португалија се прости од Диого Жота и Андре Силва кои го загубија животот во сообраќајна несреќа, а на погребот присуствуваа и негови соиграчи од португалската репрезентација и Ливерпул, но не се појави Луис Диаз.

Немаше инфомации зошто Диаз не присуствуваше во Портгуалија, но доби критики кога се дозна дека место тоа присуствувал на забава кај колумбики инфлуенсер.

Таквиот негов потег предизвика многу критики за Колумбиецот, посебно затоа што многумина потсетија дека Жота беше еден од првите кои му изразија поддршка кога неговиот татко беше киднапиран.

Исто така се истакнува дека Рубен Невеш и Кансело на погребот се појавија само 12 часа откако играа натпревар на Светското клупско првенство со својот Ал Хилал.