„Финалисима“ се сели поради војната: Аргентина и Шпанија ќе играат во Мадрид!?

Во тек се завршните преговори за преселба на „Финалисима“, односно дуелот меѓу европскиот и светски шампион, односно Шпанија и Аргентина.

Натпреварот требаше да се игра во Доха, но поради војната на Блискиот Исток како фаворит се појави Мадрид, односно стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

Шпански „АС“ објави дека стадионот на Реал е избран за домаќин, но сè уште нема официјална потврда за таква одлука од организаторот.

Аргентина и Шпанија требаше да играт во Катар, но во моментов не може да се гарантира безбедноста на фудбалерите.