Откриен виновникот за големиот број повреди во Реал Мадрид

Реал Мадрид оваа сезона има големи проблеми со повредени фудбалери, односно 23 играчи во еден момент се пријавија дека се соочуваат со одредена повреда.

Оваа ситуација предизвика загриженост кај „кралевите“, па поради тоа беше отворена истрага за причината за повредите.

Шпанските медиуми откриваат дека проблемот бил тревникот на стадионот на „Сантијаго Бернабеу“.

Модерниот систем овозможува теренот целосно да се сокрие во подземни комори, а тој систем е поставен за да може стадионот да биде домаќин на концерти, но и други манифестации.

Теренот притоа се разделува на повеќе сегменти и се повлекуваат под земја, а токму на тие места се појавуваат одредени разлики во структурата на тревникот.

Фото: Facebook/Real Madrid