Меси даде „зелено светло“: Интер Мајами ќе ангажира ѕвезда на Манчестер сити

Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси разговарал со управата на Интер Мајами и дал „зелено светло“ за ангажирање на ѕвездата на Манчестер сити, Бернардно Силва.

Силва ги освои сите трофеи со Манчестер сити, но на крајот на сезоната му завршува договорот и подготвен е за нов предизвик во кариерата.

Искусниот фудбалер на „граѓаните“ во моментов заработува 400.000 евра неделно, но наводно бил подготвен да ја намали платата за да се пресели во МЛС-лигата.

Фото: Inter Miami/Facebook