Поранешен фудбалер на Барселона замина во пензија на 32 години!

Шпанскиот фудбалер Пако Алкасер реши да ја заврши професионалната кариера на 32-годишна возраст, откако последниот натпревар го одигра пред повеќе од една година, односно на 11 јануари 2025 година.

Алкасер во кариерата настапи на 455 натпревари и постигна 170 голови на клупско ниво, а најмногу се прослави во Валенсија, иако во кариерата го носеше дресот и на Барселона.

Освен за овие две екипи, Алкасер ги носеше дресовите на Хетафе, Борусија Дортмунд, Виљареал, Шарја и Емирати.

За репрезентацијата на Шпанија, Алкасер одигра 19 натпревари и постигна 12 голови.