Усик до крај на кариерата ќе има уште три борби - познати се можните ривали!

Украинскиот боксер Олександр Усик откри дека се ближи кон крајот на неговата кариера, односно планира да има уште три борби пред да се повлече од рингот.

Актуелниот светски шампион во тешка категорија во рингот ќе се врати на 23 мај кога ќе се бори против кикбоксерот Рико Верхувен покрај пирамидите во Гиза, Египет.

Потоа Усик планира да се бори против победникот од борбата меѓу Фабио Вордли и Даниел Дубоа, кои ќе се соочат на 9 мај во Манчестер.

Големиот крај на кариерата го планира против Тајсон Фјури, со кого два пати се бореше во 2024 година и два пати успеа да победи.