Думфрис од Интер се сели во гигант од Премиер лигата!?

Голема е веројатноста дека Дензел Думфрис во летниот преоден рок ќе направи трансфер кој треба да се случи во наредните денови поради рокот на неговата откупна клаузула.

Думфрис кој минатата сезона имаше одлични партии, особено се истакна на натпреварите со Барселона во Лигата на шампионите, сега е на излезна врата од Интер.

Тој има откупна клаузула од 25 милиони евра која истекува на 15 јули.

Последните информации велат дека Манчестер Сити почнал преговори со Интер за трансфер на Думфрис по заминувањето на Вокер.

Сумата од 25 милиони евра не е проблем за Манчестер Сити, па голема е веројатноста да се реализира една ваква зделка.

Во меѓувреме атмосферата во Интер е лоша, а тоа дополнително ги зголемува шансите за заминување на бекот.