Јувентус прави сѐ за да го избрка Влаховиќ!

Душан Влаховиќ е во центарот на вниманието на италијанската фудбалска јавност, Јувентус сака да го продаде, но тој не сака да си замине и по цена да не игра.

За големите примања кои треба да ги добие од последната година во Јувентус, Влаховиќ е подготвен да жртвува една сезона од својата кариера и да ја преседи на трибини.

Ако остане до крајот на договорот, Влаховиќ за идната сезона вкупно ќе инкасија 12 милиони евра, а во овој момент нема таква понуда од ниту еден друг клуб, па одлуката на Србинот е јасна.

Интерес за него има од Манчестер Јунајтед и Милан, но нивните понуди не се 12 милиони евра по сезона.

Јувентус по секоја цена сака да се ослободи од Влаховиќ. Тие за идната недела договориле состанок со агентот на српскиот фудбалер на кој ќе се бара компромисно решение.

Наводно клубот е подготвен значително да го намале обештетувањето кое ќе го бара за продажба на Влаховиќ, со цел тој да изнуди поголема плата од клубот кој сака да го купи, па така да прифати заминување.

Во меѓувреме Јувентус го ангажираше Џонатан Дејвид со што стави јасно дознаење дека нема да смета на Влаховиќ за следната сезона.