Арсенал го претстави најголемото засилување ова лето!

Eкипата на Арсенал денеска го потврди трансферот на Мартин Зубиаменди кој пристигнува од Реал Сосиедад како големо засилување.

Репрезентативецот на Шпанија уште пред неколку месеци ги договори личните услови со лондонскиот клуб, се обиде и Баерн да го доведе, но пресуди неговата желба да заигра за клубот од Лондон.

Арсенал ја активираше клазулата во неговиот договор од 60 милиони евра и на тој начин Артета доби одлична замена за Томас Парти.

Зубиаменди пристигнува во Арсенал со 26 години кога е стандарден репрезентативец на Шпанија и по сите карактеристики изгледа како совршено засилување за системот на Артета.

Во Арсенал Зубиаменди ќе го носи дресот со број 36.