Ѓокереш ги договори личните услови со еден од најдобрите премиерлигаши

Еден од најдобрите напаѓачи во светот, Виктор Ѓокереш реши да го напушти Спортинг Лисабон и веќе ги договори личните услови со англискиот вицешампион Арсенал.

Ѓокереш имаше успешни преговори со премиерлигашот, но сега Арсенал е на потег кој ќе мора да постигне договор со Спортинг, иако тоа воопшто нема да биде лесно.

За услугите на шведскиот голгетер имаше интерес и од други тимови, меѓутоа Ѓокереш јасно им кажал дека сака да потпише само за Арсенал.

Напаѓачот на Спортинг ја заврши сезоната со 52 настапи, при што постигна 54 голови и 13 асистенции.

Фото: Facebook/Sporting CP