
Норис победи на домашната трка на Силверстоун, Хулкенберг е херојот на денот!
Германскиот возач Нико Хулкенберг е херојот на денот на патеката Силверстоун. Тој траката за ГН на Британија ја почна од 19. место и заврши како трет. Во кариерата има извозено точно 239 трки во Формула 1, за првпат се качи на подиум.
Што се однесува до првото место, тоа му припадна на британскиот зовач, Ландо Норис кој искористи казна на неговиот клупски колега Оскар Пјастри и победи.
Пјастри заработи 10 секунди казна откако закочи за во период додека болидите се движеа со безбедносно возило. Возачот на Мекларен ги загрози оние кои беа позади него и стјуардите решија да го казнат. Овој негов потег го чинеше победа на трката. Сепак успеа да заврши како втор.
Губитник од потегот на Пјастри е Ферстапен. Брзо по инцидентот безбедносното возило се повлече, а Холанѓанецот под влијание на она што се случи се изврте и загуби неколку позиции. На крајот успеа да стигне до петтото место.
Норис заврши прв, Пјастри втор, Хулкенберг трет, на четвртото место беше Хамилтон, Ферстапен петти, а во топ десет беа уште и Гасли, Строл, Албон, Алонсо и Расел.