
Приведен легендарниот Савичевиќ - веќе му е изречена и пресуда!
Црногорските медиуми пишуваат дека Савичевиќ е изведен пред судија за прекршоците, по што му била изречена парична казна.
Савичевиќ наводно претекнувал на полна линија и ја надминал дозволената брзина, поради што бил приведен од страна на полицијата кај Херцег Нови.
Според „Радио Телевизија Црна Гора“, Савиќевиќ одбил да направи и алкотест, по што полицајците го привеле.
Медиумите пишуваат дека ова не му е прв прекршок на Савичевиќ, туку и во минатото предизвикувал инциденти со брзо возење.