Невиден малер: Ѓоковиќ се повредил пред осминафиналето на Вимблдон!?

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ долго време се труди да го освои 25. гренслем-трофеј во кариерата, а конечно се надеваше дека тоа ќе му успее на Вимблдон, меѓутоа медиумите од Србија пишуваат дека се повредил пред осминафиналето.

Ѓоковиќ повторно има проблеми со повреда, и тоа пред дуелот против Алекс Де Минор кој се игра в понеделник од 14.30 часот, но засега не се открива со каков проблем се соочува еден од најдобрите тенисери во светот.

Србинот минатата година стигна до финалето на Вимблдон, каде што беше поразен од Карлос Алкараз со 0-3 во сетови.

Фото: EPA PHOTO