Синер со два тај брејка до првата титула во Индијан Велс
Финалето беше многу неизвесно, без ниту еден брејк, а победникот беше решен во два тај-брека. И во двата, предноста се должеше исклучиво на психата на Синер, или поточно, на менталната нестабилност на Медведев. Во првиот тај-брек, Русинот имаше 5-4, но Италијанецот прв стигна до сет-поени и го искористи вториот за да поведе.
Во вториот сет, немаше ниту една можност за брејк, па повторно се одлучуваше во тај-брек. Таму, Медведев водеше со 4-0, но место да ја заврши работата и да израмни, му дозволи на Синер да освои седум поени по ред и да дојде до својата прва титула во Индијан Велс.
Со тоа, Италијанецот дојде до 25. АТП титула во кариерата и ги обедини сите трофеи на тврда подлога, вклучувајќи ги и двата Гренд слема.