Тајсон ги откри деталите од борбата со Мејведер - познато колку ќе заработат!
Тајсон потврди дека ставил потпис на договор за борба идниот месец, односно ќе се врати во рингот по неговата последна борба во ноември 2024 година.
„Борбата треба да се одржи во април. Потпишав договор за настанот кој ќе се одржи во Африка“, кажа Тајсон.
Според планот, борбата треба да трае најмногу осум рунди, а борците ќе добијат по 15,3 милиони фунти за бокс-мечот.
Оваа борба доаѓа во интересен период за Мејведер, кој веќе си закажа пресметка против Мани Пакјао на 19 септември во Лас Вегас.