
Сабаленка без загубен сет се пласира во четвртфинале на Вимблдон
Сабаленка доминираше од самиот почеток на дуелот и во првиот сет славеше со 6-4, додека Мертенс даде поголем отпор во вториот сет и избори тај-брејк, но таму Белорусинката победи со 7-4.
Првата тенисерка на ВТА-листата игра во извонредна форма на Вимблдон и се пласира во четвртфинале без загубен сет.
Фото: EPA PHOTO