
Ливерпул и Њукасл се договориле – Исак пред трансфер на Енфилд
Откако тој ги договори личните услови со „црвените“, сега и двата клуба се согласиле за преминот на голгетерот, но засега нема детални информации колку би изнесувал трансферот. Ливерпул вчера го продаде Дијаз на Баерн за 75 милиони евра и тие пари ќе ги искористи за да го купи шведскиот фудбалер.
Со тоа клубот од Енфилд ќе го продолжи фантастичниот преоден рок во кој ги донесе Вирц, Керкез, Фримпонг, Екитике и Мамардашвили.