Нојер бесен на Донарума: Нe сè извини додека јас не разговарав со него!

Во четвртфиналето на Светското клупско првенство, ПСЖ го елиминираше Баерн Минхен, а натпреварот го обележа тешката повреда на Џамал Мусиала.

Донарума во битката да дојде до топката го сруши Мусиала и со цела тежина падна на ногата на напаѓачот на Баерн Минхен. За целата ситуација по натпреварот се огласи и Мануел Нојер кој го критикуваше италијанскиот чувар на мрежата.

„Во таа ситуација не смееше така да оди...Тоа е навистина непромислен потег, го прифати ризикот иако знаеше дека може да го повреди Мусиала“, истакна Ноер.

Откри Нојер и дека имал разговор со  Донарума.

„Се сретнавме по натпреварот и му кажав: Зарем не сакаш да одиш до него и да го прашаш како е? Работата е во почитта, да му се извиниш и да му посакаш брзо опоравување. Фер-плејот е многу важен“, изјави Ноер.